Германија, Франција и Велика Британија остро ги осудија десетината тестирања на балистички ракети од страна на Северна Кореја и го известија Советот за безбедност на Обединети нации за примена на санкциите кон Пјонгјанг.
Европските земји апелираат до Пјонгјанг да се ангажира во „суштинските преговори“ со САД за својата нуклеарна и ракетна програма.
Во заедничкото соопштение издадено по средбата зад затворени врати се наведува дека Северна Кореја треба да преземе „конкретни чекори“ во новите преговори со САД и „да се откаже од своето оружје за масовно уништување и ракетните програми на целосен и доверлив начин“.
Дипломатските напори се во застој откако пропадна вториот самит помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во февруари годинава