Во пожарите што ја зафатија Австралија загина уште еден човек, со што бројот на жртвите се искачи на четири.

Телото на четвртата жртва е пронајдено синоќа во опожарената шума во близина на местото Кемпси, во североисточниот дел на Нов Јужен Велс.

Во Нов Јужен Велс активни се околу 60 пожари, од кои 27 не се под контрола и со нив се борат повеќе од илјада пожарникари.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 15:09