Папата Франциск го именува за ватиканскиот министер за економија шпанскиот језуит Хуан Антонио Герера Алвес.

Тој доаѓа на местото на кардиналот Џон Пел, кој во Австралија е осуден за сексуално злоставување на две момчиња од црковниот хор.

Со тоа е потврдено дека Пел, кој е на отстуство од 2017 година, нема да се врати на функцијата. Пел во Мелбурнн отслужува шестгодишна казна и иако официјално нема ниту една функција, тој останува кардинал.

Функцијата министер за економија во Ватикан формално се нарекува префект на Секретаријатот за економија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 15:53