Продолжува да паѓа популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон, 33 отсто од Французите велат дека се задоволни од работата на шефот на нивната држава, јавува дописникот на MИА.

Популарноста на Емануел Макрон загуби еден поен во ноември, со 33 отсто на задоволни Французи од неговата работа, наспроти 65 отсто (+1) кои се незадоволни, ова според истражувањето на „Ифоп“ за „Ле Журнал ди Диманш“.

Бројот на оние кои не се изјаснуваат останува стабилна на 2 отсто.

Ова е вторпат како неговата популарност забележува пад, по падот од еден поен во септември.Неговата популарност посетепно се зголемуваше во текот на другите месеци од декември 2018 година, кога во најголемиот ек на кризата на „жолтите елеци“ падна на 23 отсто.

Популарноста на премиерот Филип Филип се зголеми за еден поен во ноември, на 37 отсто, додека незадоволните остануваат стабилни на 60 отсто. Стапката на испитаници кои не сакаа да се изјаснат за pремиерот се повлекува за еден поен, на 3 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2019 14:42