Русија почна да произведува ракетен систем С-400 наменет за Индија, а според договорот испораката треба да биде до 2025 година, изјави извршниот директор на рускиот државен производител „Ростек“, Сергеј Чемезов.
Тој на Саемот во Дубаи (Dubai Airshow 2019) наведе дека Индија однапред ја платила нарачката на С-400, но не ја откри сумата.
Индија најави дека планира да купи руски ракетен систем С-400 уште во 2015 година, а за време на минатогодишната посета на претседателот на Русија, Владимир Путин потпишан е договор во висина од 5,43 милијарди долари.