Порталот „Еуроактив“ објави анализа за состојбите во Јужна Америка истакнувајќи дека во десет држави има протести и немири на кои „не им се гледа крајот“.

Според „Еуроактив“ тоа е последица на специфичната состојба во Јужна Америка, каде светската финансиска криза во периодот од 2008 до 2016 година ги заостри традиционалните разлики оставајќи ги без пари и онака сиромашните.

– За да биде се полошо ниту лидерите кои испливаа на површина како надеж за сиромашните и угнетени главно не се спротивставија на корупцијата и авторитаризмот, убивајќи ја илузијата дека патот кон социјална правда води преку демократски избори, пишува „Еуроактив“.

Протестите во јужноамериканските држави продолжуваат дури и кога ќе се отстрани нивниот непосреден повод, како на пример поскапувањето на градскиот превоз во Чиле.

Чиле предизвика големо внимание во Европа поради две причини. Првенствено се уште не е заборавен крвавиот државен удар, кој повеќе од еден век демократско уредување го режираше Нобеловецот Хенри Кисинџер, а го спроведе генерал Аугусто Пиноче. Државниот удар ги убеди тогашните комунисти во Европа дека никогаш нема да им биде дозволено да дојдат на власт по демократски пат.

Второ, Чиле е држава со највисок бруто домашен производ по глава на жител во Јужна Америка, но и покрај тоа има голема стапка на сиромаштија.

Протестот во Еквадор избувна кога претседателот Ленин Морено ги укина субвенциите за гориво. Дополнително ги врати субвенциите, но протестите не престанаа.

Боливија е во фокусот откога Ево Моралес беше присилен да замине од претседателската функција и да побегне во Мексико бидејќи и опозицијата и Организацијата на Американски Држави тврдат дека со измама обезбедил победа на неодамнешните претседателски избори.

Како што наведува „Еуроактив“, Моралес со авторитаризам ја поништи надежта, што беше присутна пред 13 години кога тој беше избран за претседател како прв Индијанец на таа функција.

Во Парагвај траат масовни протести против претседателот Марио Абдо. Повод е договорот со Бразил за хидроелектраната Итаипу, што граѓаните ја сметаат за непатриотска.

Опозицијата покрена постапка за отповикување на претседателот. Абдо дојде на власт пред седум години кога си импичмент беше сменет дотогашниот претседател и поранешен католички бискуп Фернандо Луго.

Во Перу претседателот Мартин Вискара го распушти Конгресот барајќи нови избори. Уследија демонстрации насекаде во земјата. Тој дојде на власт минатата година како потпретседател, а потоа избраниот претседател Пабло Кучински поднесе оставка поради обвинението дека бил вмешан во корупциски скандал поврзан со бразилската фирма „Одебрехт С.А.“ (Odebreht S.A.). Поранешниот претседател Алан Гарсија се самоуби во април додека полицијата влегуваше во неговиот дом за да го притвори.

Аргентина на изборите ги врати на власт „перонистите“. Претседател е Алберто Фернандез, а потпретседателка е поранешната претседателка Кристина Фернандез де Кирхнер.

Земјата е поделена, повторно е инсолвентна и и се заканува нов банкрот, истакнува „Еуроактив“.

Бразил исто така е поделен. Претседателот Жаир Болсонаро не ја оправда довербата на десницата, а на слобода е пуштен поранешниот претседател Лула да Силва, кој беше осуден дека примил мито „Одебрехт С.А.“

Венецуела е поделена како никогаш досега, а наследникот на Уго Чавез, Николас Мадуро се уште е претседател, и покрај невидениот притисок од Вашингтон.

Куба и понатаму е помеѓу еднопартискиот социјализам и враќање на капитализмот.

– Накратко, ниту еден систем не се покажа како траен рецепт за континентот каде има огромни социјални разлики, заклучува „Еуроактив“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 10:47