Портпаролот на иранската Влада Али Рабеи денеска изјави дека „насилните демонстранти“ , незадоволни од зголемувањето на цените на бензините за 50 отсто, во текот на немирите земале за заложници полицајци и персонал на агенциите за обезбедување, не давајќи повеќе детали.

Тој кажа дека владата наскоро ќе го одблокира пристапот до интернетот ширум земјата.

Американските медиуми го пренесуваат Рабеи во оценката дека бројот на учесници во протестите во однос на претходниот ден е опаднат за 80 отсто.

Медиумите наведуваат дека во најголемите ирански градови се распоредени голем број припадници на силите за безбедност, за да ги згаснат немирите.

Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди дека против оние кои ќе ги остават автомобилите на улиците во знак на протест заради зголемените цени на горивата ќе бидат отворени правни постапки.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 15:16