Со враќањето на насилниците и насилството во саботата во Париз, за време на демонстрациите на годишнината од движењето на „жолтите елеци“, Елисејската палата и Матињон (седиштето на премиерот) стравуваат од интензивирање на социјалните конфликти во декември, јавува дописникот на МИА.

Позицијата на владата и на Елисејската палата е „дефанзивна“ објаснуваат макронистите. Предмет на оваа загриженост е 5 декември, денот за кога се закажани протести и штрајкови против пензиската реформа, многу повеќе од демонстрациите на „жолтите елеци“, кои се одржаа овој викенд, на првата годишнина од нивното движење на „незадоволство“.

-За жал, веќе неколку месеци движењето на жолтите елеци е гангренизирано од ултрашите, луѓе кои веруваат дека политичкото насилство е легитимно. И во секој случај не можеме да го прифатиме тоа, рече за Радио Ј, Сибет Ндијаи, портпарол на владата.

Од друга страна, ако „згуснувањето на борбите“ е „официјално“ отфрлена и од владата и од шефот на ЛРМ (Републиката во движење) Станислас Герини, но во суштина можното поврзување на сите овие протестни движења.

-Овој пат, за разлика од минатата година кога жолтите елеци ги предводеа протестите, на 5 декември се синдикатите што го водат протестот, но жолтите елеци можат да им се приклучат. И во овој случај, проблемот со пензиите се однесува на сите и мобилизацијата е поголема, како што е реален и стравот од обновлив и продолжен штрајк, стравува извршната власт.

Значи, во Елисејската палата како и кај Матињон, се обидуваат да бидат смирени. Трката против часовникот до 5 декември ги активира сите јавни власти. Самиот Емануел Макрон, мораше да се врати на теренот (во Марна во четвртокот) за да ги убеди Французите во неговата волја да реформира без бруталност. Премиерот, кој беше во По минатата недела и сите министри, „искарани“ од шефот на државата за тоа што не направиле доволно.

Главните жаришта на чие гасење се ангажира извршната власт се реформите во здравството и пензиите. Конкретно, Макрон минатата недела вети „силен, масивен и постојан план“ за болниците, чиј персонал веќе неколку месеци штрајкуваше. План што ќе биде детализиран оваа среда од премиерот Едуар Филип.

За пензиите, претставничките синдикати на СНЦФ – државната железница (СЖТ, Унса, СУД и ЦФДТ) се поканети на состанок во четврток со Жан-Пол Делевој и државниот секретар за транспорт Жан-Баптист Џебари, а социјалните партнери ќе бидат примени од Едуард Филип недела на 25 ноември, со цел да го деминираат теренот пред 5 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 16:43