Индонезиската полиција денеска соопшти дека уапсила 43 лица, осомничени за тероризам, а за кои се верува дека се поврзани со минатонеделниот самоубиствен напад на полициска станица во Медан.

– Приведените се осомничени дека припаѓаат на локалниот огранок на терористичката „Исламска држава“, изјави портпаролот на националната полиција Деди Прасетио.

Тој прецизираше дека апсењата се спроведени во седум провинции, а меѓу уапсените е и водачот на групата.

Во самоубиствениот напад во Медан на 13 ноември беа повредени шест лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 16:46