Парламентарните избори во Белорусија во текот на викендот не беа во согласност со демократските стандарди, наведуваат меѓународните набљудувачи.

Како се наведува, изборите ги одбележале ограничувања на основните слободи и загриженост заради процедуралниот интегритет.

Официјалните резултати покажале дека на изборите ниту еден опозициски кандидат не освоил пратеничко место, пренесуваат британските медиуми.

-Овие избори покажаа општ недостаток на почитување на демократските обврски, изјави Маргарета Кедерфелт, лидер на набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 22:18