Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара ќе почне нова воена операција во североисточна Сирија, доколку областа не се „исчисти “ од терористи.

Тој рече дека САД и Русија не го направиле тоа што е потребно според договорот со кој се прекина турската операција во Сирија минатиот месец.

Според договорот, курдските сили требаше да бидат си заминат од североисточна Сирија, која граничи со Турција.

– Ако не добиеме резултат, ќе го направиме она што е неопходно, рече Чавушоглу.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 22:54