Четворица режисери кои Холивуд „ги избрка“ поради обвиненија за сексуално вознемирување, Роман Полански, Вуди Ален, Луис Ц.К. и Нејт Паркер, се обидуваат да се вратат на сите можни начини.

Нивната идна кариера зависи од повеќе фактори, но пред се, прашање е дали публиката сака повторно да ги види во режисерското столче и што направиле во меѓувреме откако станале непожелни.

Клара Баркер напишала статија во „Њујорк Тајмс“ во која опиша што работеле овие четворица режисери во меѓувреме.

Почна со Роман Полански, кој штотуку го заврши снимањето на филмот „Обвинувам“, снимен во Франција, а кој во САД е со наслов „Офицер и шпион“.

Роман Полански Тоа е приказна за позната афера од крајот на 19 век кога Драјфус беше обвинет за предавство, а писателот Емил Зола напиша писмо во кое го брани, насловено „Обвинувам“.

Веднаш откако филмот почна да се дистрибуира, една фотографка го обвини Полански дека ја силувал во 1975 година, а тој негираше.

Следуваше протест и беа откажани неколку проекции, рекламите беа повлечени, а Француската асоцијација на филмски работници размислува да го отстрани од здружението.

Министерот за култура изјави дека грешките на уметникот не можат да бидат оправдани со неговата уметност.

Критичарите беа во малцинство, бидејќи филмот кој зборува за неправда нанесена на невин човек е на прво место по гледаност во Франција, а дистрибутерите се погрижиле филмот да се прикажува низ цела Европа, Русија и Кина.

Дистрибутерите од САД и Велика Британија сè уште не одлучиле да го прикажат овој филм на Полански.

Две години по скандалот со Харви Вајнстин и почетокот на кампањата „Јас исто така“ (Me too), режисерите за кои беше објавено дека се однесувале насилно, тешко наоѓаат работа, иако се зависи од тоа колку кој бил познат.

Харви Вајнстин На Вајнстин ќе му се суди за сексуално вознемирување и силување, иако тој негираше дека нападнал жена и тврди дека е невин.

Вуди Ален само што го поништи договорот со Амазоном за снимање на четири филмови, а и тој беше обвинет дека насилно се однесувал кон жени.

Тој има целосна поддршка од своите колеги во Европа, но во САД повеќе дистрибутери одбија да дозволат во медиумите да се објави дека тие се дистрибутери на неговите филмови за во јавноста да ги поврзуваат со него.

Вуди Ален Вуди Ален беше обвинет од страна на неговата поќерка дека се обидел да ја силува кога била дете, поради што се најде на црната листа на Холивуд и кај дистрибутерите, а тоа значи и кај публиката.

Благодарение на европската публика, тие двајца, Полански и Вуди Ален, не остануваат без работа и имаат подобри шанси во иднина од другите двајца кои се на црната листа.

Комичарот Луис Ц.К кој во 2017 година призна дека мастурбирал пред неколку жени добива ангажмани да настапува како „стенд ап“ комичар, но нема знаци дека филмот „Тато јас те сакам“ кој го режираше и во кој ја игра главната улога некогаш ќе биде прикажан во кината.

Луис Ц.К Нејт Паркер во 2016 година дебитираше со филмот „Родени нации“, но стигна на црната листа кога наводно е обвинет за силување.

Судот го ослободи од обвинението и Паркер се обидува да се врати на филм со режија на филмот „Американска кожа“.

Филмот имаше добри критики и беше прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција во септември.

Продуцентот на филмот Марк Бург со сите сили се трудеше да го одбрани Паркер, тврдејќи дека тој е најталентиран режисер што го сретнал во последно време.

Нејт Паркер – Ако некој е обвинет и излезе дека е невин зошто и понатаму го третираат како да е виновен, праша Бург.

Паркер се пофали дека веќе добил понуда за нов проект и оти се надева дека лажното обвинување ќе биде заборавено.

1 Декември 2019 Танјуг – Белград



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 10:26