„Њујорк тајмс“ врз основа на стручните мислења на своите филмски критичари, состави список од највлијателните филмови од второто десетлетие на 20. век.

Не се работи за топ листа од еден до 10, но еве кои филмови критичарите ги зедоа предвид.

„Американски снајперист“ (American Sniper) е филм од 2014 година на режисерот Клинт Иствуд. Се работи за животот и смртта на снајперистот Крис Кајл, војник на „Фоките“. Тоа остварување ја поларизираше публиката.

Едни се побунија, дури и протестираа зашто филмот го поддржува ставот дека сите можат да имаат оружје, а пак, други се противеа на тоа.

Серијалите се своевиден заштитен знак на Холивуд и заработката во низа. Во таа смисла, „Одмаздници“ (Avengers) максимално ја искористија популарноста на Крис Хемсворт – „Капетан Америка“, на пример, па филмот имаше неколку продолженија, од коишто последното стигна до бројката милијарда долари приход.

„Црна риба” (Blackfish), снимен 2013 година е документарен филм кој имаше за цел да ги потсети луѓето на загрозеноста на китовите, којшто предизвика бурна расправа дури и во највисоките инстанции.

Филмот „Старосватици” (Bridesmaids), издаден 2011 година, успеа да покаже дека невестите не секогаш се „ангелски убави“, но и дека понекогаш воопшто не им треба којзнае каква тоалета за грациозно и достоинствено да исчекрат кон олтарот. Режисер Пол Фејг се осуди да ја прикаже невестата просто како обична жена која знае и да се извалка. Глумицата Мелиса Мекарти доста солидно се во оваа доста успешна комедија, сметаат критичарите.

„Снежното кралство” (Frozen) од 2013 година, е првиот цртан мјузикл што навистина покажа дека добрата музика може одлично да ги замени глумците.

Филмот „Бегај“ (Get out) на режисерот Џордан Пилс е уметничко дело што претставува вистинска мешавина од повеќе жанрови – трилер, хорор, мистерија, психолошка драма.

Џенифер Лоренс покажа со филмовите под наслов „Игра на гладните“ (The Hunger Games) првпат покажа дека е одлична глумица, што потоа само го потврдуваше, нагласуваат критичарите.

Оскаровскиот „Месечина“ (Moonlight) е вистински пример за тоа како нискобуџетен филм снимен под силно влијание на европските и азиските уметнички стилови, може да ја освои и Америка и да го добие најпознатото одличје за филм на годината. Тоа е и прв филм за кој Афроамериканец – Бери Џенкинс, доби Оскар за режија.

Филмот „Окја“ од 2017 година Бонг Џу Хо го сними за Нетфликс. Приказната за девојчето и нејзината генетски модификувана свиња уште повеќе го наметна концептот – високобуџетни филмови да одат директно на малите екрани, наместо во кино.

Бонг годинава сними уште еден филм кој го освои светот – „Паразит“. Остварувањето триумфираше и во Кан.

За „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (Star Wars: The Force Awakens), како и другите два дела од третата трилогија под тој наслов се верува дека ќе остават трајна трага во годините што претстојат. „Војна на ѕвездите: Издигнувањето на Скајвокер“ излегува овој месец.

„Убиец“ (2015) на кинескиот режисер Хоу Сјао Сјен, како приказна за жена-воинка, исто така се најде на списокот. На него свое место има и „Момчештво“ (Boyhood) од 2014 година, филм за семејство што се распаѓа, сниман повеќе од деценија.

„Ликови, места“ режисерката Агнес Варда го сними кога имаше 90 години. Се работи за документарен филм за Франција, во облик на патопис и времеплов.

Фредерик Вајсман, во 2015. го сними филм „Во Џексон Хајтс“ (In Jackson Heights), исто така – документарец.

Натаму на листата е „Лудиот Макс“ од 2015 година, „13“” (2016) на Аве де Вернеј, „Малку грев“ на режисерот Џи Жанг Ке.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2019 14:41