Украинскиот претседател Володомир Зеленски се заложи за постигнување мир на истокот на Украина со политички и дипломатски методи.

Во рамки на подготовките за самитот на „Нормандската четворка“ во Париз, Зеленски на средба со најблиските соработници разгледувале пет сценарија за реинтеграција на територијата на Доњецката и Луганската област, кои Киев ги смета за окупирани.

Шефот на украинската дипломатија Вадим Пристајко на средбата кажал дека за Киев црвена линија е промена на Уставот, како и дека Украина нема да дозволи „влијание врз нејзините надворешнополитички приоритети“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2019 22:52