Многу пати се дебатирало околу тоа што е поважно за мажите во животот, фудбалот или интимноста со саканата.

Од анкетираните мажи во неколку европски земји, дури 72 проценти, кои исто така се фанови на фудбалот, признале дека повеќе би сакале да го гледаат натпреварот отколку да имаат интимни односи со саканата.

И, не само што мажите го бираат фудбалот пред сексот, многумина исто така признаваат дека плачеле кога нивниот тим изгубил.

Невролозите, кои ја следеле работата на мозокот на фановите на фудбалот додека го гледале натпреварот во кој игра нивниот омилен тим, откриле дека во моментот кога нивниот тим ќе даде гол, кај навивачите се активира мозочна област која е задолжена за интензивно задоволство и сексуално возбудување.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2019 03:10