Колку е почеста употребата на трајни бои за коса, тоа значи деја е поголем ризикот од развој на рак на дојка, посочува научен труд објавен во списанието „Интернешнл журнал оф кансер”.

Националниот институт за здравство во САД спроведе анализа на податоците од 46.709 жени. Фокусот е на тоа како околностите и гените влијаат врз веројатноста од развој на рак на дојка.

Резултатите говорат дека жените кои редовно користат трајна боја за коса, имаат девет отсто поголеми шанси да добијат рак од оние „помалку редовните“. Се работи за фарби кои содржат состојки што го разградуваат ендокриниот систем, а некои од нив се и канцерогени.

При употреба на краткотрајните бои за коса нема установени ризици.

– Во нашето проучување јасно го гледаме ризикот од развој на рак на дојките, поврзана со потребата на трајна боја за коса, особено за жените што често се фарбаат, изјави д-р Александра Вајт, раководителка на истражувањето.

Ризикот е дотолку поголем, ако жената почесто ги користи тие средства.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2019 21:37