Македонската боксерска репрезентација од денеска до недела ќе настапи на Балканското првенство во Анталија, Турција.

Репрезентација е во состав, Јасин Љама ,Гоце Јанески и Арсим Етеми. Водач и тренер на екипата е Скендер Јахиу.

Љама ќе настапи во категоријата 69 кг, Јанески во 75кг и Етеми во 81 кг. Овие тројца боксери настапија на Европското првенство во Минск оваа година.

Претставник на нашата држава на балканскиот шампионатот ќе биде и судијата Стефан Цубалевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2019 11:27