Позитивните последици од сексот се многубројни, а експертите наведуваат зошто е добро да се има редовен секс.

Позитивно влијае на работата на срцето

Сексот е добра замена за кардио тренингот, така што можете да согорите и до 70 калории за 30 минути сексуална активност. Истражувањата покажаа дека луѓето кои имаат секс во просек 12 пати месечно имаат намален ризик од срцеви заболувања.

Изгледате помладо

Една студија во Шкотска открила дека луѓето во нивните 40-ти години кои имаат редовен секс има поголема веројатност да изгледаат дури 10 години помлади од просекот. Ова се должи на ослободувањето на DHEA за време на сексот. Овој хормон е произведен од надбубрежните жлезди, што влијае на процесот на стареење.

Подобар сон

Сексот има ефект на намалување на стресот, така што може да заспиете после секс. Една студија открила дека жените на возраст меѓу 40 и 50 години кои имаат проблеми со спиењето, се со помала веројатност да уживаат во сексот.

Помалку главоболки

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Илиноис доведе до интересен заклучок дека половина од жените кои страдаат од мигрена се чувствуваат многу подобро по оргазмот. Кога ендорфинот го преплавува телото, има сличен ефект како морфиум, ја исклучува болката и го зголемува прагот на непријатност.

Подобар имунитет

Студиите од Универзитетот во Пенсилванија откриле дека луѓето кои имаат редовен секс имаат и подобар имунолошки систем. Ова се должи на зголемување на имуноглобинот А, антитела кои се борат со инфекција. Сепак, она што е интересно е дека не треба да се претерува, бидејќи субјектите кои имале секс повеќе од три пати неделно, всушност имале пониско ниво на антитела, така што клучот е во умереноста.

Подолг живот

Ова е особено точно за жените, бидејќи квалитетот им е поважен од квантитетот, така што добриот секс може да го продолжи животот до четири години, според студијата на „Дјук центар“. Научниците откриле дека позитивните спомени можат да нè поттикнат да водиме посреќен и поздрав живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2019 04:24