Вашиот партнер е постојано на интернет и разговара со различни луѓе кои се претежно од спротивниот пол, и се чини како вие да не постоите. Ви раскажува што кажале тие луѓе и ви ги опишува како изгледаат.

Покрај разговорот, тој/таа посетува разни страници каде што се наоѓаат слики од голи девојки/момци, а вие не знаете како да се поставите во тој поглед. Секој ден во поштенското сандаче му/и пристигнуваат пораки и фотографии од луѓе што не ги знаете.

Дали е тоа измама? Дали допишувањето и разговорот за секакви работи со непознати лица на Интернет е исто како тоа што навистина се случува кога е веднаш до вас?

Се случувало да кажете „или јас или разговорите на нет“. Вие се плашите од одговорот, но знаете дека имате право да прашате. Не ви е сеедно кога знаете дека откако ќе одите во кревет, тој / таа останува на компјутерот и се допишува до доцна во ноќта. Без разлика дали е или не е безопасно, не е важно.

Важно е дека она што го добива партнерот на интернет очигледно не го добива од вас. Дали постои зависност од Интернет? Тема од која се појавија разни дискусии, повеќето од нив за „онлајн превара“, што доведе и до крај на некои врски.

Пред да започнете да се карате или да го исфрлите мониторот од прозорецот, понудете го следново: идејата да сурфате заедно и да четувате заедно. Ако видите избезумен поглед на лицето или започне да пелтечи и ја гребе главата – тогаш вие сте победеник.

Доколку тој/таа повеќе би сакал да има виртуелни лица и „врска“ со нив отколку со вас ова е веќе неговиот / нејзиниот проблем.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2019 04:25