Изложба „Седумте архангели“ на уметникот Стефан Малбашиќ беше отворена синоќа во изложбениот салон на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“.

Битолскиот уметник Малбашиќ првпат во современиот македонски иконопис креира ваква ликовна интепретација на фигурите на седумте архангелски претстави. Отворајќи ја изложбата, историчарот на уметност Викторија Димеска нагласи дека уметникот ја продолжува зоографската традиција и мисијата на византиските средновековни иконописци.

– Малбашиќ создава автентична артистичка визија и соодветна ликовна интепретација, продолжувајќи ја зоографската традиција и мисија на византиските средновековни иконописци. Во суштина архангелите во небесната хиерарија ја заземаат највисоката позиција, покрај тронот на Бог, спроведувајќи ги божјите закони, борејќи се против седумте смртни гревови и сочувувајќи ги душите за седумте божји дарови на светиот Дух, рече Димеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2019 18:21