Претседателот на Косово, Хашим Тачи го одложи датумот за одржување на конститутивната седница на косовскиот парламент за 26 декември.

Тачи прво ја закажа конститутивната седница за 24 декември, а одлуката да ја премести два дена подоцна ја донесе на барање на политичките партии, пренесува „Коха“.

Тој го прифати барањето на повеќето политички партии за одложување на првата седница на седмиот состав на парламентот со оглед на фактот дека 24 декември е Бадник, пред католички Божик.

Конститутивната седница ќе се одржи на 26 декември во 15 часот.

Тој ден истекува рокот од 30 дена за одржување конститутивна седница.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2019 21:19