-Премиерот Зоран Заев зборува лаги, никогаш не ми е вратен дуќанот каде е сместена општинската организација на СДСМ во Аеродором, рече синоќа во емисијата „Што не е јасно?“, бизнисменот Кире Тошевски. Тој пред јавноста, пред неколку дена, проговори дека бил манипулиран од премиерот и неговиот брат, да му го земат атрактивното земјиште помеѓу хотелот „ Дип три- Хилтон“ и факултетот ФОН, за на тоа место да изградат, како што тврди Тошевски, „СДСМ-овска болница“.

-Ако не е смешно ќе биде трагично, ако не е трагично ќе биде смешно. Премиерот го знам од пред „шарената револуција“, од 2014 година. Бевме многу блиски. Ова е изговорена лага од премиерот, па ќе му порачам: од 14 ноември до денеска 13.12, еден месец ме манипулира со невраќање на деловниот простор кој е 168 метри квадратни. Никогаш не ми го вратил. Јас и Заев знаеме лично што сме разговарале и чив е објектот. Објектот е на мојот син кој ниту го знае ниту го познава премиерот, вели Тошевски.

Демантира дека СДСМ му плаќала кирија, како што пред 3 дена изјави преммиерот.

-Заев вели дека ми плаќал кирија. Сакам пред целата јавност да покаже некаков договор за закуп, или дали мене некогаш ми платил кирија или закуп како што тврди, додава Тошевски.

Заев во средата изјави дека му е вратен дуќанот во Аеродром.

-Бидејќи не е најден инвестотор, Тошевски последните неколку дена преку пораки со мене комуницираше за да му го вратиме деловниот простор, значи друг објект, што тој го има дадено под закуп на општинската организација на СДСМ во Аеродром. Тоа се случи веднаш ние ги напуштивме просториите ги вративме на Тошевски, рече премиерот на 11.12.2019.

Инаку Тошевски вчера ги повика, како што рече, сите рекетирани од премиерот и неговиот брат да проговорат јавно.

-Мене бизнисменот Азманов ми кажуваше дека има притисоци од власта и од финансова полиција. Врз него имаше хајка од цела власт, од бизнисмени. Сакам да се охрабри и да зборува, па тој пие хелекс, рече бизнисменот Киро Тошевски на гостувањето на телевизија Алфа, обраќајќи му се на бизнисменот Зоран Азманов во емисијата „Што не е јасно?“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2019 12:33