Глумците Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон се појавија на повторната средба по повод 41-годишнина од филмот „Брилијантин“, во кој 1978 година глумеа заедно. Настанот се одржа во Вест Палм Бич во јужна Флорида, САД.
– Првпат во вакви костими откако го снимивме филмот. Многу е возбудливо, напиша Оливија на својот профил на Инстаграм до фотографијата на којашто позира во легендарниот жолт комплет.
Оливија инаку таа кожна јакна ја продаде во хуманитарни цели (за 250.509 долари), но анонимниот купувач ѝ ја врати и ја замоли да ја искористи за некој нов таков проект.