Зголеменото количество масти во телото го забрзува стареењето на мозокот, посочува научен труд на Државниот универзитет на Ајова, од САД.

Претходни истражувања веќе ја имаат потврдено врската меѓу претилоста кај луѓето на средна и поодмината возраст и намалената способност за размислување, истакнуваат стручните лица за списанието „Брејн, бихејвиор енд имјунити”.

Новите испитувања опфатиле 4.431 лице од Велика Британија, со просечна возраст од 64 години и траеле шест години. Истражувачите ги зеле предвид податоците за крвната слика и нивото на интелигенција, утврдени на секои две години.

Резултатите говорат дека жените со помала мускулна маса имаат подобри резултати во смисла на умствените способности. Меѓутоа, поголемо ниво на телесни масти е поврзано со намалување на интелигенцијата, и кај жените кај мажите. Кај обата пола, падот е поврзан со помалиот број бели крвни зрнца коишто се дел имунолошкиот систем.

Во таа смисла, повисокиот индекс на телесна маса може да предизвика промени во имунолошкиот систем, а тоа пак, влијае на мозокот, со последица – проблеми во размислувањето.

Брендон Клајндинст, кој е на докторски студии по неврологија на Универзитетот, објаснува дека вежбањето е важно за жените од средна и поодмината возраст, кои во просек имаат помала мускулна маса од мажите.

– Ако јадете добро и користите техника на брзо одење, како вежби, тоа може да му помогне вашиот мозок, нагласи соавторката на трудот Ориел Вилет.

Во едно истражување на Јејл од лани, спроведено врз глувци заморчиња, откриено е дека кај дете со високо ниво јагленохидрати и масти, им се менува делот од мозокот којшто го контролира метаболизмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2020 15:19