Компанијата Нинтендо на своите мобилни видеоигри за уреди со оперативни системи Андроид и ИОС, досега остварила приход од над милијарда долари.

Најголем дел од овој приход е остварен благодарение на популарната игра „Fire Emblem Heroes” од 2017 година. Оттогаш таа заработила 656 милиона долари, повеќе од сите останати игри заедно.

Тајната е во тоа што Интелиџент системс постојано додаваат нови ликови, а некои од нив се сезонски тематизирани, достапни само одредено време. Сите тие се плаќаат, постојано се менуваат и така видеоиграта ѝ носи пари на компанијата.

„Fire Emblem Heroes” е всушност тактичка борба, позната и од други игри за конзоли, но во помал и побрз формат за играње „во од”.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 12:04