Луѓето со попреченост се соочуваат со многу пречки и проблеми во секојдневниот живот, но најновиот производ на Мајкрософт сега им дава можност за полесна рекреација преку видеоигрите.

Всушност, со новиот пронајдок, тие ќе можат да ја почувствуваат возбудата и подобро од сите други луѓе. Икс-бокс прилагодливиот управувач го олеснува играњето видеоигри, и така, всушност претставува додаток за усовршување на ортопедските колички.

Компанијата Ејбл-гејмерс черити работи на технолошки новитети како помагала за гејмерите со попреченост. Сега тие од електричниот управувач возење на количката, направија џојстик компатибилен со Икс-бокс уан. Посебниот адаптер овозможува комуникација на управувачот со самата конзола на Икс-бокс.

Ејбл-гејмерс засега ги изработува овие адаптери благодарение на донации. Проценките говорат дека цената на еден уред би можела да биде меѓу 30 и 35 долари, без трошоците за набавка.

Натаму, технологијата може да се прилагодуваат и користат на другите слични конзоли и компјутери.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2020 19:30