Твитер потврди дека нивните официјални налози на социјалната мрежа Фејсбук, како и на платофрмата Месинџер, биле хакирани.

Медиумите претходно пренесоа дека налозите на Фесбук вчера ги презела хакерската група „OurMine“, која притоа ја испратила пораката „дури и Фејсбук може да биде хакиран“.

Групата оваа порака ја ставила на налозите на Твитер и Инстаграм на Фејсбук, а налозите сега се повторно воспоставени, пренесе Би-Би-Си.

Групата „OurMine“, која во јануари хакираше повеќе од 10.000 екипи на американскиот фудбал, тврди дека нивните напади претставуваат обиди да се укаже на ранливоста на кибер просторот.

Групата на налог на Твитер на Фејсбук постави порака : „Здраво, ние сме „OurMine“, па дури и Фејсбуик може да се хакира, иако нивната безбедност е барем подобра од таа на Твитер“.

Групата упаднала и на налозите на Фејсбук и Месинџер на Инстаграм, каде го поставиле своето лого.

Официјалниот сајт на Фејсбук не е хакиран.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 12:58