Критична грешка во Блутутот за Андроид може на кибер-напаѓачите да им овозможи од блиско растојание да преземат контрола над туѓи уреди, и така да вршат злоупотреби.

Корисничката интеракција во овие напади не игра никаква улога. Пропустот е откриен неодамна. Грешката е најголема закана за верзиите „Пие“ (9.0) и „Орео“ (8.0, 8.1), кои се наоѓаат на околу две третини од Андроид уредите.

Ранливоста, односно аномалијата е присутна само кога е вклучен Блутутот, при што жртвата воопшто и не е свесна за нападот.

Безбедносниот пропуст го погодува и најновиот Андроид 10, а можеби и постари верзии од 8.0, но нив безбедносните стручњаци сè уште не ги тестирале.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 15:59