Првата теорија за потеклото на овој празник потекнува од антички Рим, додека за време на римскиот император Клавдиј бил донесен закон според кој војниците не смеат да стапат во брак. Единствениот што се спротивставил на ваквата одлуката бил свештеникот Валентајн, кој тајно ги венчавал паровите кои сакале тоа да го направат.

Како заложник на љубовта и заљубените свештеникот Валентајн бил прогласен за светец а Католиците почнале 14-ти февруари да го слават како Денот на љубовта или Денот на заљубените во текот на средниот век. Со текот на годините, празникот кој го славеле катаолиците, под притисок на глобализацијата, голем број на земји го прифатија неговото прославување.

Во продолжение и неколку факти кои веројатно досега не сме ги знаеле.

- Во Англија порано се сметало дека потпишана честитка за Денот на вљубените е баксуз.

- Статистиката вели дека околу три проценти од луѓето купуваат поклон и за домашното милениче за Денот на вљубените.

- Денот на слободните, односно оние кои не се во врска, се слави денот по Денот на вљубените.

- Во Финска, наместо Денот на вљубените, се слави Денот на пријателите.

- На 14-ти февруари православните верници го прославуваат Свети Трифун заштитникот на лозарите и виното. Свети Трифун се молел и ги лекувал болните со молитви.

- Во почетокот на 19 век, лекарите често препишувале чоколадо како лек за скршено срце.

- Секоја година повеќе од 35 милиони бонбони во форма на срце се продаваат за оваа пригода.

- Речиси 50 проценти од честитките се купени шест дена пред 14 февруари.

- Повеќе од 189 милиони рози се продаваат во Америка за денот на вљубените.

- Секоја година на 14-ти февруари се случуваат околу 220.000 понуди за брак.

- Италијанскиот град Верона, домот на Ромео и Јулија, добива илјадници писма од девојчиња, кои ги испраќаат до Јулија со надеж дека нивната љубов ќе се оствари.

- Над една милијарда честитки се разменуваат за Денот на вљубените. Повеќе се испраќаат само за Божиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2020 04:44