ДУИ очекува кампањата за предвремените парламентарни избори да биде фер, демократски и мирни, изјави денеска Арбр Адеми, член на највисокото раководство на партијата.

-Ние очекуваме фер, демократска и мирна изборна кампања и сме максимално фокусирани на следната победа на ДУИ. Секогаш кога ДУИ била на власт се организирани фер и демократски избори без инциденти и резултатите биле прифатливи за сите учесници во изборите, рече Адеми на прес-конференција во седиштето на партијата.

Според него, во ДУИ се уште се преават анализи за тоа кој се ќе се најде на листите за пратеници.

– Се прават длабоки анализи како и секогаш и партијата ќе ги предложи најдобрите кандидати кои на достоинствен начин ќе ги претставуваат Албанците, рече Адеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2020 14:26