Во заедничка акција на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Царинска управа кај зелениот пазар во Тетово претпладнево се одземени режан тутун и цигари кои нелегално се продавале.

При акција иснпекторите на двете институциите биле физички попречувани и напаѓани од страна на нелегалните продавачи, соопштија од Инспекторатот.

– Во Тетово спроведовме акција за сузбивање на сивата економија, односно нелегална продажба на акцизна стока. Во акцијата одземени се 489 килограми режан тутун и 415 кутии со цигари. При спроведувањето на акцијата инспекторите се физички попречувани да ги одземат тутунот и цигарите. Дел од продавачите физички ги нападнале и ги вратиле назад дел од одземениот тутун и цигари, соопштија од Државниот пазарен инспекторат.

Иако биле нападнати инспекторите поминале без повреди, соопштија од ДПИ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2020 23:13