Џесика Честејн и оскаровецот Еди Редмејн ќе ги глумат главните улоги во новиот филм на Нетфликс. Проектот со наслов „Добрата медицинска сестра“ (The Good Nurse), ќе чини 25 милиони долари.

Сценариото е на Кристи Вилсон-Каринс и Тобајас Линдхолм, а е засновано на книгата на Чарлс Гребер со истиот наслов.

Снимањето допрва треба да почне, а датумот на прикажување сè уште не се соопштува.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2020 11:40