До Државната изборна комисија (ДИК) барања за регистрација и ценовници за платена политичка програма за предвремените парламентарни избори на 12 април доставиле 242 медиуми.

Во Регистерот на ДИК се ставени 159 портали, 39 радио станици, 12 печатени медиуми и 32 телевизии. Сите тие, исто така, доставиле и ценовници за платена политичка програма.

Печатените медиуми и интернет-порталите беа должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а телевизиите и радијата до АВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес, а до завршувањето на кампањата тие се должни двапати јавно да ги објават.

ДИК, според последните измени на Изборниот законик, на веб-страницата објави просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање од страна на медиумите во последните пет изборни циклуси.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2020 13:54