Парамаунт пикчрс го одложи снимањето на филмот „Невозможна мисија 7″ во Италија, поради заканите од коронавирусот.

Снимањето на новиот филм од серијалот требаше да почне вчера во Венеција, но позитивните тестови за присуство на коронавирус во Италија ги принудија продуцентите да го замрзнат проектот.

Во соопштението, Парамаунт пикчрс се повикува на забраната за собири на јавни места во Венеција и изразува загриженост за глумците и другите вработени. Не се знае до кога ќе трае одлагањето.

Ѕвездата на филмот, Том Круз претходно не бил пристигнат во Венеција.

Компанијата вчера го одложи и прикажувањето на филмот „Соник” во Кина. Кината во земјата не работат поради опасноста од коронавирусот. Кинескиот кинопазар е вториот најголем на светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2020 12:51