Овој „сојуз“ познат помеѓу нив или ова топење на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на прес-конференција по денешното официјализирање на коалицијата на Движењето Беса со СДСМ.

Според него, со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси.

"Ние денеска сме разочарани заради фактот што тие денеска не постигнаа нивна унификација заради мали лични и групни интереси и нивните одлуки уште повеќе ги дефакторизираат албанските интереси" рече Османи.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2020 19:44