Во сите училишта во општина Гевгелија, во текот на оваа недела се забележува намалување на бројот на ученици кои поради сезонскиот грип и болестите слични на него отсуствуваа од настава.

И покрај предупредувањата од регионалниот центар за јавно здравје во Гевгелија дека се очекува сезонскиот грип да го достигне пикот на сезоната, сепак евидентно е дека неделава од вкупно 2.493 ученици од настава отсуствувале само 210, наспроти 620 од претходната недела, што претставува значително намалување.

Од општината велат дека учениците полека се враќаат на настава и дека тоа најдобро го потврдуваат бројките.

-Во гевгелиската гимназија каде најмногу отсуствуваа 140 ученици, денес бројката е намалена на 62. Во градските основни училишта бројката на отсутни исто така драстично е намалена така што во „Крсте Мисирков“ од 250 е сведена на 67 ученици, во „Владо Кантарџиев“ од 160 на 62, во Миравци од 35 на шест и во Негорци од 36 на 13 отсутни ученици, велат од општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 12:38