Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку фејсбук објава се обрати до граѓаните и презентираше дел од проектите кои би ги реализирале доколку партијата формира влада по изборите во април.

„Тие зборат за редефинирање, ние збориме за силна Македонија. Тие зборат за земање од граѓаните и покачување на даноци, ние збориме за враќање кај граѓаните и бизнисот и повеќе пари. Тие e познато дека неумеат и лажат, а ние со чист образ и силна верба велиме дека ќе успееме. И во борбата сме различни. Тие се мафија која се бори за власт и пари, ние се бориме за заедничката иднина на Македонија и повеќе за сите. Тие со подвиткана кичма, ние исправени, заедно ќе одиме до крај, за промени, нов почеток и силна економија. Гласот за обновата е поддршка за: • Зголемување на просечна плата во државата за +25% • Зголемување на просечната пензија на пензионерите за +20% • 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за 4 години. • Рамен данок од 8%. • Невработеност под 10% – едноцифрена невработеност. • Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. • Нов асфалт за сите регионални патишта во државата, 1000 км нов асфалт • Нова фасада и прозорци за домовите, при што 50% е на трошок од државата. • Набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата. • Бесплатен приклучок до гас за секое домаќинство. • За 50% почист воздух. • Нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата и 1 000 нови вработувања…. И многу други проекти. Обновата доаѓа!“ – напиша Христијан Мицкоски на фејсбук



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 15:17