Над Хрватска денеска претпладне, метеор експлодираше при влез во Земјината атмосфера. Зад него остави димна трага и делови распрскани ширум земјата.

Таа глетка ги вознемири граѓаните, оти според Дамир Хржина, претставник на загрепската опсерваторија Ѕвездарница, татнежот се почувствувал на доста голема површина.

– Неколку луѓе ни се јавија дека го чуле ударот. Навистина, и мене ми се јави сопругата – го виде метеорот и токму при нашиот разговор, се слушна силен звук, раскажува Хржина. Тој ги контактирал колегите од Хрватската метеорска мрежа која ги проверува податоците и можеби ќе почнат потрага по остатоците од вселенското тело.

Властите засега немаат никакви дојави за каква било штета или повредени поради експлозијата на метеорот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 17:16