Претставници од педесетина македонски и бугарски компании учествуваа на денешниот бизнис форум во Куманово, насловен „Заедно можеме повеќе“. Форумот има за цел да ги поврзе компаниите од двете држави, да овозможи контакти меѓу компаниите, да се разгледаат можностите за заеднички настапи на глобалниот пазар. Форумот го организираат општина Куманово и здружението за поддршка на мали и средни претпријатија во Бугарија „Обединети бизнис клубови“.

Пред бизнисмените, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска очекува форумот да ја унапреди соработката помеѓу заедниците, ќе воспостави нова пазарна комуникација и деловно вмрежување, ќе даде позитивен инпут на стопанството и ќе ги продлабочи економските, трговските и инвестициските односи помеѓу двете држави.

-Владата веќе две и пол години води успешни економски политики на градење на атрактивно, стимулативно и предвидливо деловно опкружување во кое на компаниите независно дали се домашни или странски капитал им се обезбедува пристап до сериозна финансиска поддршка преку, транспарентни постапки со правни процедуари и акти кои се јавно отворени и достапни во услови за отпочнување и водење на бизнис-рече Апостолска.

Различните поддршки, рече министерката им овозможуваат на компаниите да набават нова опрема, машини, изградба на нови објекти, купување земјиште, вложувања во центри за истражување и развој, за создавање нови и добро платени места, развој на добавувачи релации на странските компании со домашните.

Владините економски политики, додаде министерката нудат можности и за финансиски придобивки кои можат да се очекуваат е и поддршката на инвестиции кои вклучуваат, поддршка за зголемување на конкурентоста за освојување на странските пазари.

-Атрактивноста на нашата земја како одлична дестинација за нови инвестициски проекти добива дополнителен позитивен амбиент и со развиената мрежа на 15-те технолошко-индустриски развојни зони низ целата држава во кои компаниите кои ќе одлучат да изградат фабрики ќе добијат дополнителни даночни и царински олеснувања-рече министерката пред бизнис заедницата.

Таа истакна дека резултатите кои се остварени досега евидентни, укажувајќи дека од негативен бруто домашен производ од -1,18 проценти во мај 2017 е зголемен на 3,6 проценти во просек за последните четири квартали, трговската размена во 2019-та забележала раст од десет проценти, извозот на стоките се зголемил за 9,6 проценти.

-Позади нас имаме најуспешна година во делот на директни странски инвестции реализирани во износ од 625 милиони евра во 2018-та, а во последните две години тој износ достаса до 741 милион евра невклучувајќи го последниот квартал, што значи дека тој износ ќе достигне дури до 800 милиони евра-рече министерката.

Владата, истакна го гледа деловниот сектор како партнер за градење на економскиот развој.

Претседателот на здружението Веселин Халачев, воедно и член на Одборот на директори на Европската алијанса на мали и средни претпријатија , со европски фондови и програми, истакна дека компаниите мора да се обединат и да бидат иновативни, бидејќи само така ќе можат да се справат со силната конкуренција на глобалниот пазар. Тој рече дека е одлично е Република Северна Македонија да биде дел од ЕУ, бидејќи ќе можат да се користат средства, а и во моментов можат да се користат средства од различни програми, за да може да се развие бизнисот и да бидат конкуренти.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски го отвори форумот и истакна дека на овој начин се градат мостови на повзрувзње, конткати, пријателства.

-Го отвораме овој бизнис форум, со цел да размениме искуства, контакти, да воспоставиме врски кои што креираат нови идеи и кои што ќе резултираат со нешто конкретно во бизнисот , а тоа е профитот. Взаемно поврзување на сите се со цел да се настапува заедно и да бидеме посилни-рече Димитриевски.

Тој рече дека многу е важна регионалната соработка и појасни дека во Куманово е формиран економско-социјален совет и преку секторот за локален еконосмки развој ќе се презентира капацитетот на градот во однос на стопанството и се надева дека од форумот ќе произлезат конкретни резултати.

Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, во врска со Договорот за пријателство и добрососедство рече дека претставува добра рамка која сега треба да се исполни со содржини, а токму бизнис форумите се дел од содржните кои што ги сакаат граѓаните и на двете држави.

Пред бизнис заедницата беше презенирана и новата индустриска зона во кумановска Речица која се наоѓа пет километри од Табановце, на 21 километар од аеродромот, и има површина од 65 хектари со можност за изградба на капацитети од лесна и незагадувачка индустрија и со можност за отворање хотели и угостителски објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 18:42