Македонскиот народен театар и Театарот Комедија во согласност со препораките на Владата за неодржување на јавни настани до 6 март ги одложија закажаните претстави во овој период. Македонската опера и балет и Драмскиот театар засега не го одложуваат својот репертоар.

Во соопштенијата од МНТ и Театарот Комедија се наведува дека претставите се одложуваат во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување јавни настани до 6. март како превентивна мерка поради корона вирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 19:20