Со ставови за актуелната состојба со коронавирусот и неговото евентуално влијание на одржувањето на предвремените парламентарни избори почна вечерашниот ТВ дуел на лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои најавија дека ќе носат одлуки за партиските изборни активности во зависност од развојот на ситуацијата и порачаа дека граѓаните се пред партиските агенди.

Според Заев, власта се справува соодветно со состојбата, а за Мицкоски, превентивата затаила.

Заев верува дека определенот период за неодржување јавни масовни собири ќе заврши, како што е утврдено до 6 март, и истакнува дека ќе се следат светските трендови и како ќе се развива систуацијата.

– Првин, многу е важно народот да биде спокоен, државата е организирана. Секако, важно е, пред се, државата, граѓаните, а после тоа се политичките партии и нашите агенди кои ги имаме во пресрет на изборите, рече Заев, посочувајќи дека се уште е многу рано да се зборува за редуцирање на партиски активности.

Да ја следиме работата, да видиме дали ќе имаме или не нови случаи, па согалсно тоа ќе ги димензионираме нашите одлуки за јавни настапи, дополни Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 19:24