СВР Скопје го расчисти случајот од 02.03.2019 на влезот на скопското село Шишево, кога Е.Ш.(31) од село Шишево пукал од пиштол кон А.А.(20) и Г.А.(36), двајцата од село Шишево, при што А.А. починал во болница, а Г.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Веднаш по настанот, појаснуваат од МВР, Е.Ш. побегнал, а бил лишен од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на 02.03.2020 на бул.„Филип Втори македонски“.

Вчера тој бил изведен пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, претходно СВР Скопје против него поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2020 17:44