Петар Котевски од Битола, носител на независна листа кандидати за пратеници во Изборната единица број 5, денеска почна со собирање потписи за учество на претстојните вонредни парламентарни избори.

На прес-конференција во Битола, Котевски изјави дека очекува до петок, 6 март, до 24 часот, да ги собере потребните 1.000 потписи во процедура организирана согласно закон и во простории определени од Државната изборна комисија.

– Ние не сме политичари, а јас како дипломиран електроинженер и кандидатите за пратеници ќе се бориме против неправилностите во државата и посебно во судството. Ние ќе се залагаме за македонските национални интереси и сметам дека никому не пречиме без разлика што на социјалните медиуми ја напаѓаат нашата кандидатска листа со независни пратеници меѓу кои се истакнати јавни личности како што се Благој Шаклевски, Фанче Димитровска, лекари и други лица од градовите во ИЕ5. Сакаме да дадеме глас на Македонецот чии интереси не се доволно застапени во институциите, истакна Котевски на прес-конференција во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2020 18:01