Започна партискиот конгрес на владеачката партија на СДСМ на кои се утврдуваат кандидатските листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори.

Според партиски, но се уште неофицијални информации, предводник во „кецот“ ќе биде Никола Димитров а втора на листата ќе биде Мила Царовска. Двојката ќе биде резервирана за Оливер Спасовски и Сања Лукаревска, додека во тројката довербата од гласачите ќе ја бара генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски заедно со Јагода Шахпаска. Во четворката како што веќе е познато носител ќе биде и Зоран Заев додека Радмила Шекеринска со Јован Митревски ќе бидат носители на листити во изборната единица 5. Носител пак на 6-ката од СДСМ ќе биде Билал Касами а втора на листата ќе биде Фаница Николовска.

Според неофицијални информации, на листата ќе се најде и Зеќир Рамчиловиќ, кој минатите избори стана пратеник како дел од коалицијата предводена до ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 19:52