На предизборниот конгрес на владеачката СДСМ, доцна вечерва беа утврдени партиските листи со кои власта ќе бара нов мандат од граѓаните.

Како што претходно известивме предводник во „кецот“ ќе биде Никола Димитров а втора на листата ќе биде Мила Царовска. Двојката ќе биде резервирана за Оливер Спасовски и Сања Лукаревска, додека во тројката довербата од гласачите ќе ја бара генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски заедно со Јагода Шахпаска. Во четворката како што веќе е познато носител ќе биде и Зоран Заев а позади него Соња Мираковска додека Радмила Шекеринска со Јован Митревски ќе бидат носители на листити во изборната единица 5. Носител пак на 6-ката од СДСМ ќе биде Билал Касами а втора на листата ќе биде Фаница Николовска.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 00:53