Горан Вишњиќ ќе се појави во најмалку една епизода од ТВ-серијата во најава – „Невести“ (The Brides) на Еј-би-си. Хрватскиот глумец ќе го толкува ликот на Дракула.

Во серијата ќе глумат и Кетрин Рис, Џина Торес и Крис Мејсон. Засега е најавена само една, пилот-епизодата, но тоа може да прерасне во ТВ-серијата.

„’Невести‘ е семејна драма за три моќни жени, силни во срцето. Со изразени хорор елементи, тоа е една вампирска сапуница за моќни, бесмртни жени и што сè прават заради своето богатство, престиж, наследство и – за нивното необично семејство“, се вели во објавата на продукциските компании Еј-би-си судио, Ворнер брос и Берланти.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 13:10