Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев имаше средба со дополнителната заменик-министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојковски, на која било разговарано за спроведување и имплементација на кампањата „Фер избори, пријави притисок”.

Како што се наведува во соопштението од МВР, притоа Чулев истакнал дека ќе се заложи за доследно спроведување на кампањата во целост во рамки на МВР.

– Заеднички беше констатирано дека притисокот врз вработените од сите сектори не е дозволив и дека оваа појава ќе биде санкционирана во согласност на законските прописи, се наведува во соопштението.

Дополнителниот заменик министер Стаменковска-Стојковски потенцираше дека МИОА, како што се посочува, интензивно презема активности за информирање и едукација, а ќе постапува и по сите пријави од страна на вработените во јавниот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 17:20