Според блиски партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со многу нови лица на кандидатските листи за пратеници кои ќе ги предводат носители кои за прв пат ќе ја имаат предводничката палка на овие избори.

Дури двајца од носителите за прв пат во историјата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат натпартиски кадри, тоа се професорката од Правниот Факултет Гордана Силјановска Давкова и светски познатиот уметник оперскиот пејач Игор Дурловски.

Силјановска ќе ја предводи првата изборна единица, додека Дурловски ќе оди во 5-тата изборна единица каде убедливо води на анкетите пред сите други.

Во третата изборна единица ќе настапи генералниот секретар Игор Јанушев, додека во 4-тата изборна единица од граѓаните довербата ќе ја побара потпретседателот Александар Николоски кој ќе се соочи со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во втората изборна единица листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја предводи потпретседателот Владо Мисајловски, додека во 6тата единица ќе настапи за прва членот на Извршниот Комитет гостиварчанката Дафина Стојановска која е доктор по професија. Две жени ќе бидат носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе биде шпицен кандидат, мандатар за состав на новата влада. Д.Б.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 19:42