Двајца млади се тешко повредени во сообраќајката што се случи во Кавадарци, потврдија од кавадаречката Брза помош.

Брзата помош веднаш интервенирала на местото на несреќата, а со болничко возило повредените биле пренесени на скопските клиники.

Претходно, портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека јавен обвинител од Кавадарци извршил увид на местото на несреќата.

Во сообраќајката учествувале џип и мотоцикл.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2020 14:23