Во Велес во периодот од 18 часот вчера до 09.30 часот денеска од тераса на кафуле на ул.„Благој Ѓорев“ биле украдени два двоседа и три клуб масички, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес

Посочи дека бил извршен увид од екипа од СВР Велес и се работи на расчистување на случајот.

Кражбата се случила во временски интервал по 18 часот, а на вториот ден откако Владата донесе одлука за скратено работно време на кафетериите и рестораните до 18 часот, во рамки на дополнителните мерки за заштита од коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2020 15:11